Денеска е Велики петок, најтажниот христијански празник - кој има главоболки нека ја измие косата на овој ден

 

За христијаните ширум светот утре е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата.

На Велики петок се пости, обичај е да се бојадисуваат јајца, најчесто со црвена боја, која ја симболизира Христовата крв. На овој ден не се пее, не се весели, а од Велики чеврток, па се до Велигден кога Исус воскреснува, не ѕвонат црквените ѕвона во православните цркви.

На овој ден не се работи ништо од домашните работи, а шените не смеат да земаат игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе им излезат пликови.

Во некои земји веруваат дека девојките кои на овој дн ќе украдат цвеќе од црквените порти и го стават под јастук, вечерта ќе го сонуваат идниот сопруг.

Се верува дека тие што на тој ден ја измијат косата, следната година нема да ги боли глава.

Во црквите се поставува посебно украсена маса (Христовиот гроб), под кој верниците се протнуваат и додека го прават тоа треба да замислат желба и да се помолат на Бога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2020 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега