Италијански научници открија нов ризик: Коронавирусот може да се шири и преку загаден воздух
Новиот вирус корона може да се пренесе на долги растојанија преку микроскопски честички што го загадуваат воздухот, заклучиле група италијански научници, велејќи дека не е случајно што епидемијата на Ковид- 19 избила во загадени средини, објави веста од Си-би-ес.
За прв пат од избувнувањето на епидемијата, во Италија има повеќе излекувани отколку новозаразени пациенти. Додека властите размислуваат да ги вратат италијанските жители на работа, новите истражувања предупредуваат на друг ризик поврзан со Ковид- 19.
Поточно, вирусот може да биде многу позаразен отколку што се сметаше порано. Според италијанските научници, вирусот е откриен на т.н. суспендирани честички, односно микроскопски кои го загадуваат воздухот и се особено концентрирани во индустриските области.
Трудот, објавен во Меѓународниот весник за истражување на животната средина и населението, препорачува сите да носат маски, бидејќи, како што велат, без нив, оддалеченост од два метри на јавни места во никој случај не е доволен.
Професорот Писко од Универзитетот во Неапол и неговите колеги веруваат дека микроскопските честички можат да го пренесат вирусот на долги растојанија. Тие го проучувале индустриското подрачје околу Милано, каде е забележан најлошиот квалитет на воздухот во Европа.Тоа е исто така еден од регионите со најголем број заразени и починати од Ковид- 19.
Според професорот Леонард Сети, не е случајно што светската епидемија на корона однела најмногу животи во индустриски области како што се Вухан и Њујорк.
Научниците истакнуваат дека се уште не дошле до заклучок до која мера е заразен вирусот кој се пренесува по пат на загадени честички, но истражувањето е во тек. Тие сметаат дека единствено решение засега е осење маски и на отворено, социјална дистанца и намалување на загадувањето.
Професорот Пишители истакнува дека е неопходно да се намали емисијата на суспендирани честички и да се држи на ниско ниво затоа што тие се опасни по нашето здравје.
Научниците предупредуваат дека во индустриските области ризикот од зараза е поголем, „но каде и да сме, не можеме да знаеме што вдишуваме“.
"Ако сте опкружени со други луѓе, секогаш носете маска!"велат научниците
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа