Миленичето кое Путин му го подарил во карантин: Мачката по име Мир во изолација поради коронавирусот
Мир, сибирска мачка која рускиот претседател ја подарил на гувернерот на јапонската префектура Акита Норихис Сатаке, беше ставена во карантин поради коронавирусот, соопштил гувернерот .
Мачката живее во куќата на гувернерот заедно со уште шест мачки.
„ Бевме шокирани од веста дека коронавирусот е регистриран и кај домашни мачки во САД“ рекол гувернерот и додал дека своите миленици ги ставиле во домашна изолација додека не помине коронавирусот.
„Не сакаме Мир да има никакви контакти надвор од нашето семејство и се надеваме дека опасноста која се заканува на луѓето и животните наскоро ќе помине“ рекол гувернерот.
Тој рекол дека мачката има осум години.
„Многу е мирна, има одличен апетит и многу е среќна“ рекој тој и додал дека оваа мчачка има посебно место во неговиот живот.
„Кога и да го погледнам, чувствувам смиреност“ нагласил гувернерот.
Во летото 2012 година, гувернерот на Путин му подарил куче како знак на благодарност за помошта од Русија за Јапонија по разорниот земјотрес и цунами, а за возврат Путин на него му ја подарил мачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа