Руска водителка се занимавала со проституција, а сега свртела нов лист во животот- признала како денес живее
Дана Борисова (43) го привлекла вниманието на јавноста, откако неодамна се појавила на едно шоу и открила дека немала секс повеќе од две и пол години, затоа што, како што вели, и се згадил откако го продавала своето тело за пари. Таа во емисијата разговарала со водителката на различни теми, а најмногу ги изненадила гледачите велејќи дека немала секс повеќе од две и пол години.
Таа вели дека воопшто не и недостасуваат сексуалните односи, а потоа ги шокирала сите признавајќи дека порано го продавала своето тело за пари.
„Се случи три или четири пати кога бев на дрога. Немав пари, па морав да ја однесам ќерка ми кај нејзиниот татко“, откри Дана.
Таа рекла и дека тогаш се обидела да „лежи како вреќа компири“ и да не се помрднува.
„Легнете, затворете ги очите и помирете се со тоа. Тоа е сè“, искрено рекла таа.
Токму заради таквото минато,на оваа Русинка повеќе не и е до секс. Денес, таа тврди дека никогаш не би се вратила на таков живот или би го продала своето тело затоа што тоа е „гадно искуство кога е трезна“, што уште повеќе ги шокирало гледачите на тоа шоу.
„Немав секс повеќе од две и пол години, но тоа е моја одлука. Не ми недостасува“, објаснила таа. Атрактивната русокоса добила многу пораки за поддршка по интервјуто, каде нејзините обожаватели напишале дека се гордеат со неа затоа што таа сето тоа го кажала и во јавноста.Дана на Инстаграм ја следат 479. илјади фанови, а таа често објавува голи фотографии и на стотици селфи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа