Мицкоски: Ќе ги зголемиме платите, пензиите и ќе отвориме нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 1 Мај - Денот на трудот.
Денес им оддаваме почит на сите работници - на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.
„Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот.
Знаеме дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.
Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин.
Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот!“, напиша Мицкоски во честитката.
01.05.2025 - 12:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа