Хорор во банка: Маж избоден до смрт

 


Двајца мажи се уапсени откако клиент бил избоден до смрт во банката „Лојдс“, објави „Скај њуз“.

Жртвата, маж на возраст од триесет години, бил нападнат во банка лоцирана на улицата „Сент Питерс“ (Дерби) околу 14:35 часот денес.

Нападнатиот маж починал на самото место, соопшти полицијата во Дербишир.

Маж на возраст од четириесет години бил уапсен под сомнение за убиство, додека друг маж, на возраст од триесет години, бил приведен под сомнение за помагање и поттикнување на сторителот. Двајцата се во полициски притвор.

06.05.2025 - 22:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега