Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

 

Повеќе од 20 години Али Ахмети беше на власт, промовирајќи етнички поделби, јавашлук неодговорност. Дуизацијата и криминализацијата на државата немаат ништо заедничко со правата на Албанците, туку перфидна стратегија за владеење, разоружување и разнебитување на државата, велат од Демократскиот сојуз.

-Затоа заканите (последните во Струга) за дестабилизација и заканите за остатокот на Македонија и излегување на улица, му се удираат од глава. Ќе биде долго во опозиција. Сите граѓани се свесни, вклучително и Албанците, дека грабежот од позиција на власт промовирајќи билет за во еден правец – заминување на младите во странство. Без разлика на се, треба државата да дејствува превентивно и да постапи како и сите други демократски држави. Да иницира постапка за спречување на налудничавото, деструктивно и противуставно дејствување. Јазичните, институционалните, етнички или верски права на Албанците не се загрозени, туку се тресе тлото на политичката надмоќ која повеќе од 20 години го ограбува сопствениот народ, велат од партијата.

Од Демократски сојуз порачуваат:

„Заканите, насилството и тероризмот не можат да бидат платформа за враќање на власт, тој филм еднаш помина и никогаш повеќе. Само владеење на правото, економски развој и имплементација на европските вредности се гаранција за мир, стабилност и просперитет“.

11.05.2025 - 15:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега