ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пишува статуси за Кочани од плажите во Дубаи

 

Каде е Венко Филипче? Ова денеска го прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата?

Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција.

Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи?

Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?

Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?

- Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче. Срамно е што на неговата Фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари. СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства, велат од партијата.

15.05.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега