Македонец починал во автобус на релација Германија - Македонија

 


Утрово околу 10 часот наутро кај Михајловац, Србија,  70-годишен маж, патник во автобус кој се движел од Германија кон Македонија, починал во возилото.

Според српските медиуми, мажот е македонски државјанин од Струга. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, каде сопатниците забележале дека мажот се чувствува лошо и веднаш се обиделе да му помогнат.


По околу 30 минути, на местото пристигнала итната медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но за жал, обидите биле неуспешни.

Причина за смртта не е утврдена, а телото е предадено на обдукција.

15.05.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега