Македонија доби напреден систем за навигација при операции на ’рбетниот столб

 

На Клиниката за трауматологија при Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ денес за првпат беше инсталиран најсовремен навигациски систем наменет за хируршки интервенции на ’рбетниот столб.

Станува збор за демо верзија на систем кој овозможува прецизно оперативно лекување и фиксација на пршлените, со што значително се намалува можноста за лекарска грешка. Оваа напредна технологија нуди ново ниво на сигурност при интервенции и овозможува резултати споредливи со оние во водечките светски клиники.

Од Клиниката истакнуваат дека воведувањето на ваков систем не само што го поедноставува процесот на лекување, туку и го подигнува квалитетот на грижата за пациентите на повисоко, светско ниво.

„Системот ќе остане на наша клиника одредено време како демо. Тоа ќе ни овозможи да ги согледаме сите негови предности и потенцијалот за унапредување на хируршките процедури. Искрено сме благодарни на Владата на Република Македонија за поддршката и одобрувањето за внес на оваа напредна медицинска технологија,“ велат од Клиниката.

Со вакви чекори, македонското здравство прави крупни исчекори кон модернизација и ја става земјата на мапата на реномирани светски центри за третман на заболувања на ’рбетниот столб.

04.06.2025 - 18:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега