Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи

 

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој за ова бил усно информиран од директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, но утре, како што изјави, Владата ќе го добие и официјалниот извештај за спроведените инспекциски контроли во текот на мај.

Според Дурмиши, поскапувања има само кај сезонски производи кои не спаѓаат во делот на основните прехранбени.

-Денеска се слушнав со директорот. Утре ќе биде доставена до Влада информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи. Од она што усно ме информираше директорт на ДПИ, немаме драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Утре подетално ќе бидеме известени, а извештајот ќе биде доставен и до медиумите и до граѓаните, истакна министерот.

09.06.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега