Пендаровски на Глобсек форум: Стратешкото одложување на ЕУ интеграциите го загрозува Западниот Балкан
Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов "Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред".
Од панелот “Западниот Балкан на геополитичка крстосница: интеграција во ЕУ или кревање на регионални тензии". Пендаровски рече дека стратешкото одложување на интеграциите го изложува Западниот Балкан на ризик од неевропски и недемократски влијанија надвор од регионот. Пендаровски потенцираше дека ЕУ мора да делува веднаш и да го заокружи историскиот проект на обединета Европа.
13.06.2025 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа