Ѓорѓиевски со благослов од Архиепископот Стефан: Ми значат неговите мудри совети
Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска беше на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети, напиша Ѓорѓиевски.
-Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен, потенцира Ѓорѓиевски.
Тој поденцира дека ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме.
Време е градот што сите го сакаме, да блесне повторно со својот сјај, достоинство и дух. Заедно со вас, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје, додаде Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа