(ВИДЕО) Лефков распали по Филипче: Распродаваш национални интереси за пари
СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните. СДС и Венко Филипче имаат намера со ветување за распродавање на националните интереси да дојдат на власт. Силната брана за нивните намери е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Микцоски, и затоа се сите напади во изминатиов период, но и нападите со лаги и фабрикации кои ќе следат, намерата е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Секогаш целта заради која се распродаваат националните интереси се пари.
Да потсетиме СДС е партијата која зад промената на името го сокри милионскиот и колосален грабеж на државата.
Венко Филипче и семејството Заеви добија, но Македонија изгуби.
Така и овој пат, СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарските интереси, а за возврат чекаат милионски зделки.
СДС и Венко Филипче прават се исклучиво од личен интерес, а државата и нејзините интереси ги претвораат во средство.
Ги повикуваме граѓаните будно да ги следат случувањата, зошто јасно ќе препознаат се од ова што кажавме, додаде Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа