Голем пожар вон контрола кај Атика

 

Безживотното тело на постаро лице, било пронајдено во куќа зафатена од пожарот во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, информираше попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина.

Телото на мажот било пронајдено од пожарникарите за време на гаснење на пожарот во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот.

Пожарот е активен и вон контрола над три часа во област што не густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период беа испратени осум пораки за евакуација на низа населби.

Дополнително, попладнево беше евакуиран и старечки дом, а лицата со возила на брзата помош и автобуси беа пренесени на безбедна локација.

Ватракојанис информираше дека за евакуација на жителите на населените места во околината на огнената стихија помагаат припадници на грчката полиција.

Во пожарот интервенираат 190 пожарникари со седум пешадиски тима, 44 возила и голем број волонтери, а од воздух се гасне со 11 авиони и 13 хеликоптери, од кои два се координација.

08.08.2025 - 19:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега