Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

 

На 60 годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на Сателитскиот Сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.

Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ, и како репортер и како уредник во информативната програма и на Сателитскиот сервис, детално и со прецизен новинарски израз обработувајќи ги темите, во најголем дел од сферата на образованието и на црквата.

Колегите и семејството на Тануровска се простуваат од неа на социјалните мрежи, изразувајќи длабоко жалење за прерано згаснатиот живот.

Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

08.08.2025 - 22:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега