ФОТО: Мицкоски запали свеќа за жртвите во трагедијата во Кочани
Премиерот Мицкоски по денешниот настан во компанијата „Амфенол“ во Кочани отишол на гробиштата за да запали свеќа за жртвите во најголемата трагедија во историјата на државата. Како што објави еден од родителите на загинато девојче во трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“, тој тоа го направи тивно и достоинствено.
-Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сѐ човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, вели родителот во објава на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа