„Ало, вашата ќерка предизвика сообраќајка“: Старица од балкон му фрлила на измамник 16.000 евра и 11.000 франци

 

 

Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Како што информираат од МВР според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.08.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега