Крвава семејна драма: Тетовчанец ја избодел мајка си со нож зошто не му дала пари

 

Уште една крвава семејна расправија се одвивала доцна синоќа во Тетово. 20-годишниот тетовчанец Џ.И. и нанел убодна рана со нож во десната натколеница на својата мајка, 54-годишната С.И. откако започнале расправија.

Случајот во полиција бил пријавен десетина минути по полноќ. Џ.И. подолго време психички и физички ги малтретирал своите родители, а од претходно и е познат на полицијата како сторител на разни дела. Овој пат ја избодел мајка си бидејќи не сакал да му даде пари.

01.05.2014 - 11:23
Фото: 
пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега