Ограбени две цркви во Скопје – го украле и ѕвоното на камбанаријата

 

Скопската полиција води истраги по две одвоени пријави за тешки кражби извршени во објекти на верски заедници во текот на изминатите денови, во кои биле украдени разни предмети, вклучително и ѕвоно од црковна камбанарија.

Првиот случај бил пријавен на 19 мај 2025 година во 09:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, во периодот од вечерта на 18 мај до утринските часови на 19 мај, непознат сторител со употреба на физичка сила и соодветен алат влегол во објект лоциран во дворот на црква во селото Сопиште. Од таму биле одземени повеќе предмети, меѓу кои и ѕвоно од црковната камбанарија.

Само еден ден подоцна, на 20 мај во 10:00 часот, била пријавена уште една кражба, овојпат во црква на подрачјето на Центар, во Скопје. Според пријавеното, инцидентот се случил на 18 мај, во периодот помеѓу 17:00 и 17:45 часот. Крадецот, повторно користејќи физичка сила и погоден алат, успеал да влезе во објект во кругот на црквата и од таму да одземе вреден предмет.

20.05.2025 - 19:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега