Нови детали: Убиецот од Штип бил познат угостител

Убиецот на мајка си во Штип - С.З. (53) е некогашен познат угостител, пренесе ТВ Стар.
Како што пренесува ТВ Стар убиец на својата мајка во синоќешниот инцидент е 53-годишниот С.З. кој е регистриран како алкохоличар - зависник.
Убиството тој го извршил синоќа во семејниот дом во агресивна состојба, тој со нож неколку пати ја прободел својата мајка, во инцидент кој не бил прв. До сега физичко насилство тој покажувал многупати поради што и бил предходно пријавуван во полицијата. Неговите најблиски секогаш и во последен момент ја повлекувале пријавата надевајќи се дека тој ќе се излечи од зависноста од алкохол. Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. беше познат угостител во Штип.
08.08.2025 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа