ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, Коцевски ги брани со сите сили
Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор, проблем е неговото лицемерие, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, додека Венко Филипче ужива на јахта во Белото Море, неговата СДС во исто време хушка и потпалува пожари, додека во исто време држат пресови за ширење на паника и страв.
-Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев ужива во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари. Додека во Грција на јахта Венко Филипче покажува колку е одлепен од реалноста, во Скопје лажат дека им е грижа за работниците и стандардот на граѓаните. Венко Филипче ужива со Зоран Заев на јахта во Грција, оваа фотографија која ја објавија медиумите го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДС и нивното раководство. Венко Филипче со неговиот тутор Зоран Заев покажаа врвно лицемерие. Затоа, Венко Филипче и Зоран Заев се дел од срамното минато на државата и не се никаква иднина, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа