Од полноќ нови цени на горивата - цената на дизелот во слободен пад
Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги објави новите цени на горивата по кои тие ќе се точат од вечерва на полноќ на бензинските пумпи низ Македонија.
На светските берзи цената на нафтата е стабилна на околу 65 долари за барел што најавува можност за дополнително намалување на малопродажните цени во земјава, особено на дизелот, чија цена во последните нешто помалку од месец дена се спушти за 3 денари.
Во моментов бензинот чини 74,5 денари за литар а дизелот 68,5 денари
18.08.2025 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа