Од полноќ поскапеа горивата

 


Цените на горивата од полноќ се зголемија, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапеа за 1,5 денари.

Според новите цени, ЕУРОСПУЕР 95 од денес се продава по цена од 76 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+  чини 78 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ се продава по 67,5 денари.

Поевтини цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1 денар, и од денес ќе се продава по 67,5 денари. Цената на мазутот поскапи за 1,3 денари, и од денес чини 39,8 денари по килограм.

17.06.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега