Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.
Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите.
-Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои постои потреба од натамошен третман. Тие ќе се распределат во неколку групи и ќе им се обезбеди персонализиран пристап, истакна Митева на прес-конференција во Владата.
Оваа мерка, напомена, е институционален одговор.
-Нема ништо поважно од човечкиот живот и достоинството на луѓето, потенцира Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа