Петровска: Опозиционите закони осудени на пропаст, ветувањата не се исполнуваат
Во денешното издание на „Само Вистина“, Славјанка Петровска ја изрази својата критика за актуелната политичка ситуација, нагласувајќи дека сите закони предложени од опозицијата се осудени на неуспех уште пред да започнат да се разгледуваат. Според неа, и најдобрите предлози ќе бидат одбиени само поради политичките прилики.„Ако некој од опозицијата предложи закон, тој однапред е осуден на пропаст, дури и да е најдобриот“, изјави Петровска.
Таа исто така се осврна на пакетот закони во правосудството и реформите кои беа најавени со голем пропаганден акцент, но досега не се спроведени. „Од тие најавувани реформи, ништо нема до денеска“, додаде таа.
Во однос на ветувањата дадени пред изборите, Петровска нагласи дека институциите кои се под раководство на актуелната власт не покажуваат доволен капацитет да ги исполни. „На ветени проекти и пост-изборно, во институциите со кои раководат, немаат капацитет ниту ветувањата да си ги исполнат“, заклучи Петровска.
Оваа изјава продолжува да ја подгрева политичката дебата, особено во контекст на реформите и ветувањата што не се исполнети од актуелната власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа