Пожари беснеат низ Македонија: Гори во осум градови

 


Во текот на изминатото деноноќие, од 27 до 28 јули 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, 8 се активни, 7 се под контрола, додека 36 се веќе изгаснати.

 

Моментално, огнената стихија е најактивна на осум локации низ земјава:

  1. Општина Василево, Радовиш и Берово: Гори во атарот на село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, зафаќајќи нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

  2. Општина Прилеп: Активен пожар е регистриран кај село Бешиште, место викано Бешишки Рид, со краци кон село Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција, каде гори мешана шума.

  3. Прилеп и Кавадарци: Пожарот беснее помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (општина Прилеп), и Галиште, Трстеник (општина Кавадарци), зафаќајќи мешана шума и нискостеблеста вегетација.

  4. Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

  5. Општина Желино: Активен е пожар помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.

  6. Општина Крива Паланка: Во атарот на село Нерав, пожарот е активен во висока борова шума. Екипите се на терен и се борат со огнот.

  7. Општина Кичево: Гори во село Горно Црско, зафаќајќи ниска вегетација и ниска шума.

  8. Општина Македонска Каменица: Во село Ќосевица гори борова шума.

 

Седум пожари се ставени под контрола и се следат од надлежните служби:

  1. Старо Нагоричане и Куманово: Кај селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон селата Димонце и Коњух (општина Кратово), гори ниска вегетација.

  2. Општина Петровец: Пожар во мешана шума кај селата Средно и Долно Коњаре.

  3. Општина Петровец: Кај Катланово е контролиран пожар на ниска вегетација.

  4. Македонски Брод 1: Кај село Грешница, пожар во мешана шума и сува трева.

  5. Македонски Брод 2: Во село Латово е контролиран пожар на ниска вегетација и деградирана шума.

  6. Општина Штип: Помеѓу селата Драгоево и Селце, контролиран е пожар на нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

  7. Општина Карбинци: Пожар во шума кај село Јунузлија.

 

Противпожарните екипи успешно изгаснале 36 пожари низ земјава, вклучувајќи ги:

  • Шуто Оризари – ул. Нов Живот (ѓубриште)

  • Арачиново – с. Орланци

  • Сарај – с. Глумово

  • Зелениково – с. Гумалево

  • Битола – с. Велушина, с. Меџитлија, ул. Игњат Атанасовски, с. Српци

  • Прилеп – м.в. Млекара Софија (2 интервенции), с. Мало Коњари

  • Долнени – с. Сивје, с. Долнени, с. Секирци

  • Кривогаштани – с. Крушеани

  • Струмица – с. Баница и нас. Софилари, с. Колешино (Колешински водопади)

  • Василево – с. Сушево кон Добрашинци

  • Гевгелија – с. Моин – с. Ново Коњско

  • Охрид – с. Вапила

  • Струга – с. Ново Село и с. Делогожда

  • Кичево – кај РЕК Осломеј

  • Македонски Брод – с. Требовље

  • Велес – влив на река Бабуна

  • Свети Николе – с. Преод, с. Долно Ѓуѓанци, с. Стањевци

  • Пробиштип – с. Гајранци

  • Куманово – с. Тромеѓа, ул. Октомвриска револуција

  • Липково – с. Отља

  • Брвеница – с. Радиовце

  • Боговиње – с. Камењане кон с. Јеловјане

  • Гостивар – с. Чајле, с. Чегране, нас. Циглана

  • Врапчиште – с. Градец

28.07.2025 - 09:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега