Трагедија ја потресе Македонија: Излетал од пат и починал на лице место

 


Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат  Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско,  излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

28.07.2025 - 13:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега