Претседателката донесе одлука: Армијата се вклучува во гаснењето на пожарите
Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.
Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.
Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.
Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани.
09.07.2025 - 18:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа