Приведен „Чкембар“: Агресивен бил кон играчите на РК Вардар
Приведен навивач за агресивно однесување на ракометен натпревар, следува пријава и за организаторот согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари
На 03.09.2025 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.Р.(24) од Битола затоа што во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Вардар од Скопје и РК-Еурофарм Пелистер од Битола, недолично и агресивно се однесувал кон играчите на РК Вардар.
По документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на навивач од Битола, кој по завршување на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата. Додека, против организаторот ќе биде поднесена пријава согласно Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа