Се бара притвор за скопјанецот кој беше фатен со арсенал оружје
Скопското обвинителство донело наредба за спроведување истрага за недозволено држење оружје и муниција за жител од скопско Батинци.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
-При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција – три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа