Се самозадоволувал пред четиригодишно девојче и нејзината мајка – заврши зад решетки

 

Тетовчанец осомничен за задоволување полови страсти на јавно место, се самозадоволувал пред 4-годишно девојче и нејзината мајка.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг според член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На јавно место, на автобуска постојка, пред 4-годишно девојче и нејзината мајка, осомничениот се самозадоволувал. Жената и детето веднаш се обратиле за помош на друго лице присутно во близина, кое реагирало, по што осомничениот се покрил и избегал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена.

08.08.2025 - 17:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега