Штип не заборава: Плоштадот Слобода преполн со граѓани за загинатите во Пулс
Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќињи им одаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани.
Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им одаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, која се случи точно пред шест месеци.
Семејствата на загинатите, порачаа дека вечершниот настан е да им се испрати светлина на починатите во „Пулс“.
-Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови, велат семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Во оваа дискотека во Кочани на 16 март годинава животите ги загубија 62 млади луѓе, од кои поголемиот дел беа на возраст од 24 и 26 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа