Скопјанка остана без речиси 10.000 евра - ја измамил полицаец

 


Вчера во 11.25 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет  предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

16.05.2025 - 14:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега