Со возило го пресретнале, по што со тврд предмет го нападнале и го ограбиле: Приведени тројца разбојници во Скопје
Вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото.
Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа