Трагедија ја потресе Македонија: Загина тинејџер во тешка сообраќајка

 


Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи рано изутринава (29 јули) околу 01:40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 38-годишниот И.М. од селото Балиндол, гостиварско, и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот А.Б. од Гостивар.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди мотоциклистот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Возачот на автомобилот, И.М., е лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

29.07.2025 - 12:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега