Трагедија: Македонец се удави во Албанија

 


Попладнево, на плажата кај Каваја, во близина на Драч, Албанија, се удави македонски државјанин.

 

Немилиот настан се случил во 19 часот, кога 66-годишен жител на Северна Македонија се удавил во морските води. Според првичниот наод на албанската полиција, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.

Откако бил забележан, други лица од плажата веднаш се упатиле кон давеникот, а интервенирала и итната помош. Сепак, медицинската екипа на терен само ја констатирала смртта на македонскиот државјанин.

21.07.2025 - 23:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега