Уапсен Украинец за подметнување пожар во домот на британскиот премиер Стармер
Британската полиција уапси 21-годишен Украинец поради подметнување на пожари во Лондон, вклучително и во домот на премиерот Кир Стармер.
Роман Лавриновиќ е уапсен на 13 мај, еден ден откако подметнал пожар на влезот на имотот на Стармер во Кениш Таун, северен Лондон. Огнот предизвикал само материјална штета.
Лавриновиќ, кој денеска треба да се појави пред суд, се товари за подметнување на уште два пожара и загрозување на животи.
16.05.2025 - 09:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа