Ужас во регионот: Гром удрил на фудбалски натпревар, повредени неколку играчи
Гром повреди неколку играчи за време на пријателски фудбалски натпревар помеѓу екипите на Раднички од Клубац и Цер од Петковица.
Си најсериозни повреди се здобил Драгиш Савковиќ Гиле (38), играч на Цер, кој е хоспитализиран на одделот за коронарна нега во Здравствениот дом Лозница. Неговата состојба е сериозна и е под постојан надзор на лекарите.
По инцидентот, прв на помош притрчал тренерот на Раднички, Ненад Симиќ, кој е здравствен работник и веднаш започнал со реанимација на повредениот играч до пристигнувањето на Брзата помош.
Според сведоците, се слушнале неколку удари од гром, а еден од нив директно удрил меѓу двајца играчи. Иако првичните информации говореа за десет повредени, сепак, сериозни повреди се констатирани само кај двајца играчи. Вториот играч е префрлен во Одделот за итни случаи со полесни повреди и неговата состојба се следи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа