(ВИДЕО) Гори болница во Атина - на терен 30 пожарникари и 12 возила
Пожар избувна во болницата „Сотирија“ во грчката престолнина - Атина утрово. Засега нема информации за повредени.
30 пожарникари со 12 возила, вклучувајќи специјално возило со рампа и скали, учествуваат во гаснењето на пожарот, објави „Катимерини“.
Пожарот избувна на првиот кат од одделот за патологија, кој беше евакуиран како превентивна мерка, објавува порталот „Та неа“.
Според информациите од противпожарната служба, нема извештаи за некој заробен во болницата.
Причината за пожарот сè уште не е утврдена.
Φωτιά στο νοσοκομείο «Σωτηρία» - Μεγάλη κινητοποίηση της Πυροσβεστικής
Orange Press Agency#ingr #insnapshot pic.twitter.com/fpGtgFyPg0
— in.gr/news (@in_gr) August 8, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа