(ВИДЕО) Првата дама на Франција му удри шлаканица на Макрон
Видео на кое се гледа како првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон бргу стана вирално, а социјалните мрежи се преполни со теории. Целиот свет шпекулира дали ова бил вистински удар или шега меѓу сопружниците.
Пристигнувањето на францускиот претседател во Ханој, Виетнам, предизвика бура на социјалните мрежи кога беше објавено видео на кое неговата сопруга Брижит го удира в лице со двете раце додека се отвораат вратите од претседателскиот авион.
Елисејската палата првично сугерира дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.
Видеото бргу стана вирално на социјалните медиуми и беше претежно споделувано на профили познати по тоа што се противат на Макрон, вклучувајќи ги и проруските канали.
„Ова беше момент на интимна блискост меѓу сопружниците. Не требаше долго време за да се лансира нов бран теории на заговор“, соопшти тимот на претседателот додавајќи дека негативните коментари дошле претежно од проруската орбита.
Breaking
French President #Macron's wife slaps him in face
pic.twitter.com/Ye9BGDqg84— Backchod Indian (@IndianBackchod) May 26, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа