Владев: Свети Николе од хаос до просперитет со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

 


Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ најпрво зборуваше што наследиле кога ја преземале општината каде посочи дека се затекнале со голем хаос на почнати, а недовршени проекти кои се месеци тлееле нанесувајќи и повеќе штета на општината отколку добробита што ќе произлезе од тие проекти.

„Првата бариера со којашто се соочивме кога ја преземавме локалната самоуправа во општина Свети Николе е тоа што затекнавме голем хаос на почнати, а недовршени проекти кои тлееле со месеци наназад нанесувајќи повеќе штета на општина Свети Николе, отколку добробита што ќе произлезе од проектите. Првите работи што ги направивме на почетокот беше еден итен состанок со сите изведувачи кои лежерно си ги работеа работните задачи кои треба да ги извршуваат врз основата на договорите коишто беа склучени од претходно“.

Владев во текот на своето гостување укажа дека за брз период по доаѓањето на чело на општина Свети Николе голем дел на проекти кои биле запоставени, тие ги реализирале.

- Големи површини асфалт, канализации коишто беа заборавени и запоставени беа реализирани само за неколку месеци по нашето доаѓање на чело на општина Свети Николе. И оттогаш па натаму за тековната година, прво ги изработивме проектите за 2022, и ден денес веќе работиме проекти коишто ќе се реализираат за тековната наредна година, за да ја дочекаме спремни, за сите повици и за сите можности што посебно сега ги дава владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Владев.

Владев се осврна и на приоритетите кои како општина ги реализирале каде ги напомена асфалтирањето на голем број улици, изработка на канализации и водовод како и на многуте спортски содржини.

- Пред сè нашиот ангажман е за асфалтирање на улици, рехабилитација на потрошени асфалтни подрачја во Свети Николе, изработка на канализации, водовод таму кај што нема и нормално голем дел од нашето внимание го посветивме на спортот така што изградивме многу спортски содржини, потенцираше Владев.

Градоначалникот Владев се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на општина Свети Николе до крајот на неговиот мандат и додаде:

„Асфалтиравме голем дел од улиците коишто и ветивме претходно и во градот и селата, но најинтересното и најдоброто допрва доаѓа. Треба да реализираме преку дваесетина проекти кои се завршени или се завршуваат во моментот. Еве ја завршивме во моментот улицата во село Горобинци, потоа треба да се завршат две улици во село Црнилиште. Во наредниот период треба да очекуваат многу проекти од инфраструктура, така и од спортот“.

Владев на крај заклучи дека финансиската состојба на општината во моментот е многу подобра и тоа се должи благодарение на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која работи чесно, одговорно и се грижи како за буџетот на општина свети Николе како и за граѓаните на Свети Николе.

22.05.2025 - 10:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега