ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати – граѓаните знаат кој работи, а кој саботира
Најновиот пример, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намернo пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи не се изолирани, напротив на повеќе локации се пронајдени натопени дрва и палети со бензин, гуми и ракавици што дополнително го потврдува сомнежот за организирано подметнување“, велат од партијата.
Во соопштението се укажува дека секојдневно се приведуваат лица, а дел од нив директно или индиректно се поврзуваат со СДСМ.
„Дополнително дека станува збор за смислено сценарио говорат и реакциите на СДС, кои со денови злонамерно ликуваат и собираат политички поени на тема со пожарите. Планот на СДС за предизвикување хаос не успеа, особено во Скопје каде имаше најмногу подметнати пожари. Наместо помош на населението при справувањето со пожарите, СДС само обвинува и прави политички маркетинг. За разлика од минатото денес има повеќе опрема, подобро обучен персонал и поголема мобилизација. Времето кога се дејствуваше со стара механизација и Фап на Заев од 1975 година заврши. Институциите работат посветено. Граѓаните гледаат сè и знаат кој работи, а кој саботира. Ги повикуваме надлежните институции да преземат посериозни мерки за сите кои стојат зад овие штетни и опасни активности“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа