ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на криминалот, се богателе додека народот осиромашувал

 


СДС останува на страната на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС единствено на чија страна останува е таа на инкриминираната нивна партиска елита.

СДС не го интересира како живее народот, СДС го интересира каде Филипче и Заев ќе ги инвестира украдените пари.

Седум години СДС ја пљачкаше државата и го осиромашуваше народот, ги деградираше институции и ја уништуваше економијата, додека неговата партиска елита се богатеше на грбот на граѓаните.

Со украдените пари од државата и народот, сега градат облакодери од 50 ката по Дубаи, добиваат златни визи од таму и уживаат по нивните златни песоци и под палмите на топлите плажи.

Додека елитата на СДС се богатеше, економијата се уништуваше, народот осиромашуваше така што околу 600 илјади граѓани оставија на работ на сиромаштија.

СДС е партија во чие време на владеење до зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5 на 10%, и со тоа директно влијаеја на поскапувањето на околу 1500.

За разлика од минатото, сега граѓаните и бизнис секторот имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички се носат одлуки и мерки во интерес на сите засегнати страни.

Платите и пензиите растат, се преземаат мерки за намалување на цените на производите, се инвестира во заживување на економијата.

Следи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра во изградба на големи капитални инфраструктурни проекти, како што е изградба на брзата железница од Коридорот 10, кој директно ќе влијае на раст и развој на економијата кој ќе донесе раст на БДП и со тоа и подобар животен стандард.

СДС беа и продолжуваат да бидат единствено на страната и во заштита на криминалот и корупцијата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

21.05.2025 - 11:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега