Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложба „Насликани зборови“ на уметниците Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот

 

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Насликани зборови“ на која се претставени познатите македонски уметници Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот. Тие долги години градат успешни уметнички кариери, во две, не толку блиски уметнички области, но индивидуално имаат изложувано како во регионот, така и низ Европа и САД. 

- Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот, наши врвни уметници и интелектуалки, преку заедничката уметничка концепција, наречена „Насликани зборови“, се препознаваат меѓусебно и лесно го препознаваат патот до публиката, преку ликовниот израз со кој го дешифрираат своето Неименливо. Нивното Неименливо. Сликарите сликаат зборови, како што е насловена вечерашнава изложба. Нивните дела изложени вечерва комуницираат во пар меѓусебе токму со јазикот на неименливото. Моменти на радост и тага што ја прави вечерва оваа изложба на некој начин и - меморијална, нагласи директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

На отворањето Наумоска наведе дека тоа е нејзина прва изложба во Белград.

- Претходно во групни изложби и сега на мое големо задоволство и чест. Васко знае да ги препознае моите дела и токму во неименливото да создаде текстови што остануваат вечно и трајно и да можат да придонесат во читањето на сликите бидејќи ликовниот јазик е поинаков и можеби треба повеќе знаење и умешсност да ги доживееш делата така или барем приближно, како што сака авторот, вели таа. 

Деспот наведе дека е посебно чувството да се изложува во Белград, во македонскиот КИЦ.

- Извонредно е чувството да си во центар на Белград и да си дел од една голема емоција.Делата се без легенди, само еден наслов што стоеше празен - Насликани зборови. Таму има една многу голема емоција.

29.05.2025 - 22:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега