Засилени контроли: 19 лица останаа без возачка дозвола
Вчера од 16 до 22 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници контролираа 280 возачи на моторни возила (Охрид-85, Струга-77, Кичево-65, Дебар-53).
Притоа, утврдено е дека 19 возачи управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-07, Кичево- 03, Дебар-05) по што, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и издадени им се прекршочни платни налози.
02.05.2025 - 12:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа