52-годишен Кинез заврши на клиника: Падналл од дрвена платформа

 

На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.

-Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

04.06.2025 - 20:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега