Активни 9 пожари: Проверете каде се уште гори
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека заклучно со 21:00 часот на 3 јули 2025 година, на територијата на Северна Македонија регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Од нив, 21 пожар е изгаснат, додека 9 сè уште се активни.
Активни пожари (9):
-
Општина Прилеп 1: Селото Бешиште (квалитетна мешана шума); кракот кај село Градешница (Општина Новаци) е повторно обновен.
-
Општина Прилеп 2: Месноста Три Багреми (ниска вегетација).
-
Општина Прилеп 3: Селото Дупјачани (ниска вегетација).
-
Општина Валандово & Богданци: Селата Грчиште и Паљурци – село Богданци (ниска вегетација и мешана ниска шума).
-
Општина Старо Нагоричане: Селото Длабочица (мешана шума: бор и бука).
-
Општина Арачиново: Село Арачиново (депонија).
-
Општина Македонски Брод: Село Црешнево.
-
Општина Липково: Помеѓу селата Ваксинце и Слупчани кон село Руница (ниска вегетација, жито, висока шума со даб, габер и бука).
-
Општина Кочани: Населено место Трајаново Трло (сува трева, деградирана ниска шума).
Изгаснати пожари (21):
Во изминатиот период успешно се изгаснати 21 пожар на следните локации:
-
Шуто Оризари: Хотел Њу Стар – село Визбегово (ниска вегетација, ѓубре).
-
Шуто Оризари: Улица Визбегово (ниска вегетација, ѓубре).
-
Сарај: Село Глумово (ниска вегетација, ѓубре).
-
Сарај: Село Долно Свиларе (ниска вегетација, дрвја).
-
Сарај: Сарај (ѓубре).
-
Сарај: Село Арнакија (ниска вегетација, дрвја).
-
Делчево: Село Стамар (ниска вегетација).
-
Делчево: Месност Дабо, село Вирче (ниска вегетација).
-
Центар: Улица Лазар Личеноски (ниска вегетација).
-
Битола: Улица Индустриска (ниска вегетација).
-
Крушево: Село Пресил (ниска вегетација).
-
Радовиш: Село Подереш (ниска вегетација).
-
Радовиш: Шаин маало (ниска вегетација).
-
Валандово: Село Грчиште (ниска вегетација).
-
Валандово: Кај ветерницата и село Фурка (ниска вегетација).
-
Струмица: Село Просениково – село Пипирево (ниска вегетација).
-
Струмица: Село Муртино (ѓубре, ниска вегетација).
-
Струмица: Село Доброшинци (ниска вегетација).
-
Кичево: Излез од населено место Бичинци (ѓубре, ниска вегетација).
-
Делчево: Месност Дабо, село Вирче (ниска вегетација).
-
Кочани: Индустриска зона (запален стиропор).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа