Пожар во фабриката на Винчини: Горат три производствени погони и магацин
Голем пожар вечерва во фабриката „Макпрогрес“, позната како „Винчини“.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, зафатени се производствените погони 6,7 и 8 и магацини. Пожарот избувнал во магацините.
На терен се екипи на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, а на помош тргнати се и пожарникари од Свети Николе, Струмица, Пробиштип, Кочани, Штип и Македонска Каменица.
-Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини. Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, вели директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа