Битиќи: Случајот со концесијата на ВМРО-ДПМНЕ за „Казан дол“ заврши пред две години, сега е донесена пресудата

 

Поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник на СДСМ во Собранието, Фатмир Битиќи, во објава на социјалните мрежи се осврна на пресудата на Арбитражниот суд, според која државата нема да плати штета од 115 милиони евра како што бараа инвесторите за нереализираниот проект за рудникот „Казан дол“. 

-Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, вели Битиќи на почетокот на објавата на неговиот фејсбук-профил. 

Неговата објава е реакција на денешната прес-конференција на актуелниот вицепремиер и министер за транспрот Александар Николоски, кој е и претседател на координативното тело на Владата за арбитражни спорови, кој рече дека парите се „спасени“ благодарение на оваа влада, откако претходната, предводена од СДСМ, во јануари 2023 година го затворила случајот, прифаќајќи обврска за исплата на целосниот износ. 

Сепак, екцвицепремиерот за економски прашања потсетува дека случајот околу спорот со инвеститорите, односно судските рочишта се затворени во 2023 година, а Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две години по завршните зборови.  

Како што наведува Битиќи, тимот што ги застапувал правата на нашата држава во целиот тој процес се водел по јасни определби и насоки од страна на неговиот кабинет во претходната влада. 

Во продолжение на објавата Битиќи се заблагодарува на адвокатските канцеларии, државните службеници и експерти, кои, како што вели, вложиле знаење и енергија во процесот. 

-Искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност. Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже, вели Битиќи.  

19.08.2025 - 21:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега